Тешка сообраќајка: Тројца загинати при судар на „Форд“ и трактор
03.11.2016 10:06
Тракторот бил натоварен со дрва, па според првичните сознанија, силината на ударот била фатална за возачот на фордот и неговите сопатници, сите од село Колари.

Тешка сообраќајка кај село Букојчани, Кичевско. Загинаа три лица, а уште две се повредени. Според информациите, автомобил „Форд“ удрил во трактор, кој возел по патот без светла.
Тракторот бил натоварен со дрва, па според првичните сознанија, силината на ударот била фатална за возачот на Фордот и неговите сопатници, сите од село Колари.
Возачот на тракторот поминал со полесни повреди. Поради несреќата, сообраќајот на автопатот Кичево-Скопје беше во прекин неколку часа.
Увидот на полицијата и на јавниот обвинител треба да покаже кои биле точните причини за судирот.
