Четврта светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог

03.11.2016 11:09

Централна тема на конференцијата е миграцијата и предизвикот на интеграцијата преку дијалог меѓу религиите и културите.

Во Битола ќе се одржи четвртата по ред светска конференција за религиски и меѓуцивилизациски дијалог. Ќе учествуваат повеќе од 150 претставници од сите светски религии, невладини организации, професори и експерти.

Централна тема на конференцијата е миграцијата и предизвикот на интеграцијата преку дијалог меѓу религиите и културите.

Според најавите, обраќање ќе има и претседателот Иванов. Со посебни активности, ќе биде одбележана и 1.100 годишнината од упокојувањето на сесловенскиот просветител Свети Климент Охридски.