Случај „Трезор“: Распит на осомничени во Кривичниот суд
Специјалното јавно обвинителство отвори истрага против тројца вработени во УБК и еден во МВР, под сомнение за проневера на над 850 илјади евра за набавка на опрема од странство за потребите на Петтата управа.

Во скопскиот Кривичен суд распит кај судија на претходна постапка на осомничените во случајот „Трезор“. Специјалното јавно обвинителство отвори истрага против тројца вработени во УБК и еден во МВР, под сомнение за проневера на над 850 илјади евра за набавка на опрема од странство за потребите на Петтата управа.
Според СЈО, осомничените освен набавката на опремата преку приватна фирма која го застапувала МВР, подоцна со анекси на договорот скроиле план за ново користење на пари од буџетот за дополнителни набавки и одржување на опремата, иако немало потреба од тоа.
