Истражување: Голем број граѓани не веруваат во тајно гласање

03.11.2016 16:03

Голем број на граѓани не веруваат во тајно гласање на изборите. Ова го покажало последното истражување на Македонскиот центар за европско образование според кое третина од испитаниците веруваат во различни конспиративни приказни особено во кампања.

Камери во пенкала, бележани гласачки ливчиња, „бугарски возови“, третина од испитаниците на Македонскиот центар за европско образование веруваат дека не можат тајно да гласаат. Истражувањето го спровеле на 1.200 случајно избрани луѓе од цела Македонија преку телефонска анкета, заклучиле дека особено пред избори кружат различни конспиративни приказни.

Од невладината организација сметаат дека периодов мора да има поагресивна кампања за да се намали стравот кај граѓаните.

Од Македонскиот центар за европско образование велат дека иако сѐ уште е голем бројот на луѓе кои се плашат, сепак, полека паѓа процентот на страв кај граѓаните имајќи ги предвид бројките од пред две години.

 

Катерина Топалова