Земјотрес во Албанија, почувствуван во северозападна Македонија
04.11.2016 10:07
Потресот се случил во 6 часот и 8 минути со магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот бил почувствуван и во северозападните делови од земјава со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно- математичкиот факултет во Скопје изутринава регистрирала земјотрес со епицентар во соседна Албанија.
Потресот се случил во 6 часот и 8 минути со магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот бил почувствуван и во северозападните делови од земјава со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.
Серија потреси биле забележани и во Грција, но со двојно послаб интензитет.
