Иванов: Интеграцијата на мигрантите е голем предизвик за Европа
Интеграцијата на мигрантите е голем предизвик за Европа- порача претседателот Иванов на отворањето на 4-тата Светска конференција за религиски и меѓуцивилизациски дијалог, што се одржува во Битола. Централна тема- миграцијата и предизвикот на интеграцијата преку дијалог помеѓу религиите и културите.

Над 150 претставници од сите светски религии, невладини организации, професори и експерти во Битола ја започнаа 4-тата Светска конференција за религиски и меѓуцивилизациски дијалог на која централна тема е миграцијата и предизвикот на интеграцијата преку дијалог помеѓу религиите и културите. Во изминатите две години најголем дел од бегалците што дојдоа во Европа потекнуваа од Блискиот Исток. Простор каде со векови гостопримливоста на туѓинецот се смета за светост. Доаѓајки во Европа тие природно го очекуваа истото, но сведоци сме на многу различни состојби, рече македонскиот председател Ѓорге Иванов.
Последниве години миграциската криза беше толку силна што направи големи потреси и во самата Европска унија, на некои места се подигаа ѕидови, се затвораа граници. Македонија направи исклучителен чекор во справувањето со бегалската криза и ублажувањето на последиците. Макдонија како значајна во улогата на на афирмирањето на дијалогот, се покажа како организатор и на предходните три светски конференции.
Она што го имаме е сегашноста и верата и токму во нив треба да ги артикулираме сите наши делувања, порача митрополитот, г. Петар.
На крајот од првиот конференциски ден се отвори изложбата „Мајка Тереза- светица од Скопје, светица на светот“. Во следните два дена како подтеми на конфернцијата ќе бидат семејството како простор за градење и чување на достоинството и злоупотребата на современите електронски комуникации. В сабота, пред свеченото затворање ќе бидат соопштени и заклучоците од конференцијата.
Стевче Митревски
