Втор ден од Светската конференција за религиски и меѓуцивилизациски дијалог
Претставници од повеке светски религи и експерти, вториот ден од конференцијата го посветија на централната тема „Миграцијата и предизвикот на интеграцијата преку дијалог меѓу религиите и културите“. Општ е впечатокот дека актуелнитe состојби се сериозна закана за Европа.

Живееме во доба на големи миграциски движењa кои се глобална закана за Европа. Експертите со став да се прави разлика помеѓу миграцијата и бегалската криза, оние што одат по подобар живот и оние кои најчесто бегаат во најблиските земји поради прогон или војна. Актуелната состојба сѐ уште ја нема вистинската дефинција токму поради некои контрадикторности. Во последниве случувања тие не се движат до соседната најбезбедна земја, туку поминуваат од една во друга отворено кажувајќи дека сакаат да стигнат, главно, до Германија поради подобри економски услови.
„Живеам во југозападна Германија, секоја недела имаме голем број на бегалци од Сирија кои се пријавуваат за учење на јазикот. Тука се вклучени и професори и ученици и сето тоа го кажува нашиот одност кон кризата“, вели проф. д-р Михаил Науснер од Универзитетот во Ројтлинг.
Иако има некаква дебата, Европската унија засега нема соодветни решенија. Загрижува фактот што притисокот дополнително ќе расте, како и најавата за нов наплив на мигранти. Миграциските движењења реално се опасност за потреси од безбедносен, па сѐ до религиски план.
„Главната опасност од миграциската криза е менувањето на антрополошкиот план на населението, економски дизбаланс, зголемување на стапката на криминал како и зголемување на ризикот од болести“, вели универзитетскиот професор Христо Тутунасров.
Кои ќе бидат насоките за идните чекори во спречување на некои девијантни појави и што во тој поглед ќе понуди 4-тата Светска конференсција, ќе се види од утрешните заклучоци на заедничката нацрт-декларација.
Стевче Митревски
