ВМРО-ДПМНЕ најави повеќе инвестиции во здравството

04.11.2016 15:54

Груевски говореше и за други нови инфраструктурни проекти што се на партиската агенда, како комплетна реконструкција на Градската општа болница „8-ми Септември“.

Комплетно реновирање и адаптација на Универзитетската клиника за кардиологија, формирање на Национален центар за кардиоваскуларни заболувања, како и реконструкција и изградба на здравствени капацитети. Ова е дел од програмата на ВМРО- ДПМНЕ, а ја најави партискиот лидер, Никола Груевски. 

Тој говореше и за други нови инфраструктурни проекти што се на партиската агенда, како комплетна реконструкција на Градската општа болница „8-ми Септември“.

Груевски најави и проширување и подобрување на условите за третман на пациентите во Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија и реализација на втората фаза од целосната реконструкција и на објектот на општата болница во Кичево.

Наташа Јанчиќ