IN MEMORIAM: Почина Благоја Божиновски, долгогодишен снимател во МТВ

09.11.2016 12:55

Поголем дел од работниот век помина и со новинарите во информативната програма.

Почина Благоја Божиновски, снимател во Македонската телевизија. Во 39-годишното работно искуство во јавниот сервис, учествуваше во проектите Одбрана, Армија, Мир, Знање- Имање, Аграр.

Поголем дел од работниот век помина и со новинарите во информативната програма.

Посмртните останки на Благоја Божиновски ќе бидат изложени утре во капелата на градските гробишта Бутел од 11 часот, а погребот ќе се изврши во 12 часот.