Потребен е нов модел на финансирање на универзитетите
Во иднина бројот на студентите, потрошената енергија и вода не треба да бидат единствените критериуми при финансирањето на високообразовните институции. Квалитетот на образовниот систем и на продуцираните кадри покрај основното треба да бидат дел од дополнителното финансирање, сметаат ректорите на македонските универзитети и странските експерти.

На Македонија ѝ е потребен нов модел на финансирање на универзитетите. Реформите треба да одат во насока на зголемување на квалитетот на продуцираните кадри, поради што е потребно воведување на дополнителни критериуми.
„Дури за некои делови од начинот на финансирање се говори дека сеуште егзистира стариот југословенски начин на финансирање по број на студенти, потрошена струја и водаНашата основна идеја е да го реформираме таквиот начин на финансирање на универзитетите со додавање на дополнителни перформанси, кои што ќе бидат од значење и за универзитетите и за севкупното општество“, изјави Спиро Ристовски, заменик министер за образование и наука.
Високо образованите кадри се најважните ресурси на секоја држава и клучен двигател на националните економии.
„Најдобар пристап за земјата би бил комбинација од двете формули. Да има и основно и дополнително финансирање , согласно договор помеѓу владата и универзитетите, особено за оние кои вложат во мерки за подобрување на нивните перформанси“, изјави Џамил Салми, експерт за реформи во високо образование.
Ректорската фела подржува реформи во финансирањето на универзитетите.
„Не се плашиме од новините, напротив ги подржуваме и сакаме да добиеме еден оптимален систем на финансирање во високото образование затоа што на крајот од краиштата тоа најмногу не засега нас“, рече проф. д-р Сашо Коруноски.
Комбинираниот модел ќе овозможи дополнително финансирање на универзитетите, но во исто време ќе ги зголеми нивните заложби за зголемување на бројот на дипломирани студенти, кои ќе бидат конкурентни на пазарот на трудот. Во исто време ќе ги поттикне и професорите да објавуваат повеќе научни трудови.
Сашо Нелоски
