ВМРО-ДПМНЕ потпиша меморандум за соработка со пет граѓански здруженија

09.11.2016 16:08

Поддршка на политиките на ВМРО-ДПМНЕ дадоа Федерацијата на фармери, Асоцијацијата на земјоделци, Здружението на Македонците со муслиманска вероисповед, Горанското здружение и Здружението на бранителите „Бедем“. Ги посочија проектите на кои ќе работат.

Креирањето политика подразбира отворена врата за сечии мислења и сугестии кои не прават поквалитетни во спроведување на тие политики, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Потврда за тоа според него е и потпишувањето на меморандумот за соработка со пет граѓански здруженија.

Поддршка на политиките на ВМРО-ДПМНЕ дадоа Федерацијата на фармери, Асоцијацијата на земјоделци, Здружението на Македонците со муслиманска вероисповед, Горанското здружение и Здружението на бранителите „Бедем“. Ги посочија проектите на кои ќе работат.

Меморандумите, беше оценето на потпишувањето, се основа за продолжување на досегашната соработка за реализација на повеќе проекти.

 

Наташа Гркова- Петрушевска