Судење на Божиновски за злосторничко здружување
10.11.2016 13:13
Божиновски денеска беше сослушан. Тој изјави дека станува збор за политички монтиран случај, во кој не постојат докази.

Судење на новинарот Зоран Божиновски во скопскиот Кривичен суд. Тој се товари за злосторничко здружување, шпионажа и за уцена. Божиновски денеска беше сослушан. Тој изјави дека станува збор за политички монтиран случај, во кој не постојат докази.
Претходно на два пати, Божиновски беше предупредуван од судот поради навреди за што беше казнет со 2 илјади евра во денарска противредност.
Некогашниот сопственик на порталот „Буре-весник“ долго време беше во Србија, која потоа го екстрадираше на македонските власти.
