Попоски на Виенската конференција за миграции

10.11.2016 13:21

Како што соопшти МНР, Конференцијата е во организација на Меѓународниот центар за развој на миграциска политика (ICMPD) со седиште во Виена. Министерот Попоски ќе има обраќање на панел на високо политичко ниво посветен на европските политики за мигранти и бегалци.

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, денеска ќе учествува на Меѓународната конференција за миграции што се одржува во Виена, Австрија.

Како што соопшти МНР, Конференцијата е во организација на Меѓународниот центар за развој на миграциска политика (ICMPD) со седиште во Виена. Министерот Попоски ќе има обраќање на панел на високо политичко ниво посветен на европските политики за мигранти и бегалци.

Конференцијата ќе ја отворат министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц и генералниот директор на Меѓународниот центар за развој на миграциска политика Михаил Шпинделегер, а предвидено е учество и на евро-комесарот Јоханес Хан,  генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер и други високи претставници на држави-членки на ЕУ и други меѓународни организации.

На маргините на конференцијата, министерот Никола Попоски ќе има и  повеќе  билатерални средби.