ФЗОМ: Годинава доделени 1.200 ваучери за ин витро оплодување

10.11.2016 14:03

Фондот за здравство смета дека оплодувањето ќе биде зголемено за 20 насто за разлика од лани. Безмалку 10 илјади ваучери се издадени од 2008-та за што сметките ги презема надлежниот фонд.

1.200 ваучери годинава се доделени за ин витро за прво дете. До крајот на годинава се очекува бројот да се зголеми. Фондот за здравство смета дека оплодувањето ќе биде зголемено за 20 насто за разлика од лани. Безмалку 10 илјади ваучери се издадени од 2008-та за што сметките ги презема надлежниот фонд.

Во Република Македонија, како што посочи на денешната прес- конференција директорот на ФЗОМ, Сашо Стефаноски, процентот на докажана бременост по ин витро постапка, во 2011 година изнесува 38,7 проценти, во 2012 година 41,3 проценти, во 2013 година изнесува 50,5 проценти, во 2014 година изнесува 54,5 проценти, а во 2015 година изнесува 50,5 проценти. Нагласи дека од овој тренд произлегува дека здравствените установи со кои имаат склучено договор за ин витро се високо специјализирани и со висок процент на успех.

Воедно за високиот процент на ин витро постапката влијае и тоа што осигурениците побрзо се одлучуваат за оваа интервенција, затоа што надоместокот кој го покрива Фондот за ин витро е стилмулативен, за разлика од други здравствени системи каде оваа интервенција не е на товар на државата, додаде Стефаноски.