Пластичната амбалажа за храна постојано под контрола

11.11.2016 10:09

Пластиката во која се пакува храната е под лупа. Агенцијата за храна и ветеринарство во контрола по маркетите и продавниците за намалување на ризикот со пластичната амбалажа да може да се пренесуваат и опасни супстанци во храната.

Агенцијата за храна и ветеринарство уште пред 3 години почна засилено да работи на безбедноста на пластичните материјали кои доаѓаат во допир и во кои се пакува храната.

Ваквите суровини од кои може да биде направена амбалажата се детално опишани и наброени исто како и методите за вршење на нивна контрола и лабораториски анализи.

Пакувањата за прехранбените производи целосно се контролираат па дури и затворачите на шишињата.

Контролата и примената на оваа регулатива и постапката на проверката во бизнисот со храната е важна, бидејќи со неа се гарантира висок степен на безбедност на производите, и заштита на здравјето на потрошувачите.

Во Европа на пример, секоја година се повеќе се заоструваат критериумите за производството на материјалите во кои храната се пакува.

Новите правила кај нас активно се применуваат од јануари годинава.

 

Методија Трајков