Адеми: Извештајот на ЕК е реален и објективен
11.11.2016 12:39
Потврди дека е нотиран напредокот во одредени области, но и дека има и препораки за имплементирање на реформите.

Извештајот на Европската комисија за Македонија е реален и објективен, смета вицепремиерот за евроинтеграции Арбр Адеми. Потврди дека е нотиран напредокот во одредени области, но и дека има и препораки за имплементирање на реформите.
Таа препорака е потврда за европската перспектива на Македонија. Нашиот фокус како што кажавме и претхнодно е да го почитуваме Пржинскиот договор, исполнување на итните реформски приопритети и сите други обврски кои произлегуваат од него. Тоа е единствениот начин да се приближиме кон нашето членство во ЕУ, смета вицепремиерот Адеми.
