„Вкусот на Македонија“- саем за традиционална и органска храна

11.11.2016 12:49

Саемот е организиран од шест локални акциони групи од рурална Македонија во партнерство со ТЦ Рамстор и со подршка од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бисзниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија.

На саемот „Вкусот на Македонија“ 22 мали и средни бизниси од рурална Македонија ги продаваат своите производи. Повеќето од нив ретко се достапни во главниот град. Пред потрошувачите претставени традиционалната и органската храна, зачините, чаевите, регионални алкохолни пијалоци, природна козметика и облека.

Саемот е организиран од шест локални акциони групи од рурална Македонија во партнерство со ТЦ Рамстор и со подршка од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бисзниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија.

Локалните акциони групи се здруженија од граѓани сочинети од претставници на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од две до четири соседни рурални општини. Здруженијата се основани како дел од воведувањето на ЕУ Леадер пристапот за локален економски развој во руралните средини.