Политика

Фер и демократски избори за продолжување на евроинтегративниот процес

21.01.2020 14:54

Фер и демократски избори се важни за продолжување на евроинтегративниот процес, да покажеме зрелост, процесот да биде беспрекорен- порача вицепремиерот Османи. Претседателот на ДИК, Дерковски тврди, избирачкиот список континуирано се пречистува, секому да му дозволиме да го реализира избирачкото право. До трети февруари пред пратениците треба да се најде Изборниот законик...

На земјава ѝ се потребни фер и демократски избори според највисоките европски стандарди, оцени вицепремиерот Османи по средбата со Државната изборна комисија. Тој предупреди дека секое отстапување или девијација од ова ќе има влијание врз одлуката за почеток на преговори. Уверен е оти до почетокот на февруари пред пратениците ќе се најде Изборниот законик, важен за спроведување на гласањето.

Првиот човек на ДИК, Деркоски тврди дка избирачкиот список е во ред и редовно се ажурира.

Во меѓувреме, Државната изборна комисија едногласно го отфрли барањето на министерот за внатрешни работи Чулев за толкување на член од Законот што се однесува на врзаните потписи со дополнителниот- заменик. Членовите на ДИК оценија оти се ненадлежни и го упатија во Законодавно- правната комисија.

Барањето од Чулев било испратено поради секојдневните активности на МВР, а според него, врзаните потписи ја успоруваат работата и влијат на ефикасноста на полицијата.

 

Наташа Гркова- Петрушевска