22 нови случаи на Ковид-19 во земјава, досега вкупно 136
Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во Скопје (81) - од кои едно лице е од Богданци, а живее во Скопје, Дебар (40) - од кои 1 починат, Штип (7), Куманово (3) - од кои 1 починат, Кавадарци (2), Охрид (2) - од кои 1 лице е од Скопје а е во иозлација во Охрид и Гостивар (1)- соопшти Министерството за здравство...

Во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1), соопшти Министерството за здравство. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136, од кои еден излекуван и двајца починати пациенти.
Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во Скопје (81) - од кои едно лице е од Богданци, а живее во Скопје, Дебар (40) - од кои 1 починат, Штип (7), Куманово (3) - од кои 1 починат, Кавадарци (2), Охрид (2) - од кои 1 лице е од Скопје а е во иозлација во Охрид и Гостивар (1)- соопшти Министерството за здравство.
Претходно Министерството за здравство соопшти дека на Клиниката за инфективни болести починал пациент заболен од коронавирус. Се работи за маж на 63 годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата. Ова е втор смртен случај од Ковид-19 во земјава.
Вчера министерот Филипче соопшти дека 57- годишна жена од Куманово е првата жртва од коронавирусот во земјава. Надлежните институции посмртно дијагнотицирале дека жената била заболена од коронавирус.
