Трет смртен случај од Ковид-19, почина 66-годишна пациентка од Дебар

25.03.2020 16:34

Пред неколку часа почина пациентаката од Дебар која подолго време беше на респираторна машина на Инфективната клиника во Скопје, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Пациентката имаше 66 години и примала хронична терапија за хипертензија...

Трет смртен случај од коронавирус во земјава. Пред неколку часа почина пациентаката од Дебар која подолго време беше на респираторна машина на Инфективната клиника во Скопје, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Пациентката имаше 66 години и примала хронична терапија за хипертензија.

Во земјава досега починаа три лица од коронавирус. Претходно на Клиниката за инфективни болести почина маж на 63- годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата. 57- годишна жена од Куманово беше првата жртва од коронавирусот во земјава. Надлежните институции посмртно дијагнотицирале дека жената била заболена од Ковид-19.

Во изминатите 24 часа дијагностицирани се 29 нови заболени со коронавирус.