МВР: 98 лица не ја почитувале забраната за движење, 67 приведени
14.04.2020 10:15
Во текот на изминатото деноноќие на 109 лица им се издадени решенија за изолација, а 140 лица потпишале изјави за самоизолација...
Во текот на изминатите 24 часа 98 лица не ја почитувале забраната за движење, од нив приведени се 67 лица, а за останатите земени се податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР
Во текот на изминатото деноноќие на 109 лица им се издадени решенија за изолација, а 140 лица потпишале изјави за самоизолација.
Притоа, во рамки на редовните полициски контроли кај лица во изолација и самоизолација не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки, соопштуваат од МВР.
