Советот за безбедност денес ќе одлучува за продолжување на вонредната состојба
Во земјава досега има вкупно 974 дијагностицирани пациенти со Ковид-19, откако вчера беа регистрирани 66 нови случаи. Излечени се 98, а почнаа 45 лица. Вонредна состојба во траењето 30 дена беше прогласена на 18 март. Тогаш вкупно беа заболени 41 лице...
Советот за безбедност на Република Македонија денеска ќе одржи седница на која се очекува да расправа и донесе одлука за продолжување на вонредната состојба во земјата за справување со пандемијата на Ковид-19.
Во земјава досега има вкупно 974 дијагностицирани пациенти со Ковид-19, откако вчера беа регистрирани 66 нови случаи. Излечени се 98, а почнаа 45 лица. Вонредна состојба во траењето 30 дена беше прогласена на 18 март. Тогаш вкупно беа заболени 41 лице.
Владата, на 41-та седница одржана на 14 април донесе одлука до претседателот Пендаровски да достави предлог за продолжување на вонредната состојба, заедно со извештајот за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира дека за успешно справување со коронавирусот во државата е потребна вонредна состојба.
Претседателот Пендаровски, пред неколку дена најави дека шансите се извесни и големи да се прогласат нови 30 дена вонредна состојба, бидејќи внатрешните состојби кои не ескалираат, но не се значително редуцирани се уште побаруваат ваков тип ангажман од сите надлежни институции и ваков тип на состојба.
На денешната седница, како што соопшти Кабиентот на шефот на државата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, ќе присуствуваат и вицепремиерот задолжен за европски прашања и национален координатор за странска помош Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче.
