Шекеринска: Армијата ги извршува истите задачи во борбата со пандемијата како и армиите на НАТО членките

16.04.2020 19:58

Министерката за одбрана Шеќеринска вчера за првпат ја претставуваше Македонија, како полноправна членка на НАТО на телеконференцискиот состанок на министри за одбрана на алијансата посветен на кризата со КОВИД-19, информираше дека од искуството што го споделиле нејзините колеги речиси и да нема сојузничка армија која не ги прави истите задачи...

Армијата помага во справувањето со пандемијата и е ангажирана во контрола на границите, поставување и чување на контролните точки на влез и излез во одредени градови или општини, обезбедување на критичната инфраструктура и на виталните објекти. Армиските сили  ја поставија  полската болница во инфективната болница, ги ставија на располагање воените медицински, рече министерката Шеќеринска. Информираше дека, како поддршка на МВР, армијата ќе го зголеми бројот на војниците и на офицерите во сите општини каде што помошта беше побарана.

Можам да најавам дека припадниците на армијата ќе бидат дополнително ангажирани во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга, Охрид, Струмица, Куманово, Битола, Прилеп, а во текот на денешниот ден разговараме и со конкретно општина Центар, Велес, Кавадарци и Росоман. Очекуваме ваквото поголемо присуство и учество да им помогне и на општините и на МВР да се справат со спроведување на сите мерки за заштита, рече Шеќеринска.

На вчерашниот состанок со министрите за одбрана на НАТО, преку видео конференциска врска, се договоравме за ефикасноста на помошта но и за следните задачи на Алијансата при справувањето со пандемијата. Не чекаме, туку и нудиме помош, вели Шеќеринска, како што ги понудивме медицинските капацитети и логистика на КФОР. По состанокот генералниот секретар Столтенберг ја посочи конкретната помош како најдобар одговор на лажните вести поврзани со пандемијата.

Земјите од Западен Балкан  сојузнички на НАТО посебно Северна Македонија  добија конкретна помош. На земјата и се обезбедени мегу другото медицинаска опрема, полска болница, финансиска  поддршка за борба против пандемијата, потврди Столтенберг.

Со врховниот командант на НАТО за Европа , генерал Волтерс било договорено на кој начин ќе се забрза помошта за Западен Балкан.

 

Лидија Чакар