МВР: 33 лица не ја почитувале забраната за движење, 18 приведени

22.04.2020 10:04

Според евидентираните податоци, на 63 лица им се издадени решенија за изолација, а 54 лица потпишале изјави за самоизолација...

Во текот на изминатите 24 часа на ниво на целата држава 33 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 18 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопштуваат од МВР.

Според евидентираните податоци, на 63 лица им се издадени решенија за изолација, а 54 лица потпишале изјави за самоизолација. Истовремено од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека две лица не ја почитувале мерката за самоизолација, велат од МВР.