Филипче: Само два метра растојание се потребни за да се заштитите себеси и тие околу вас

23.04.2020 16:55

Задолжително, посочува министерот, да носиме заштитна опрема, маска, марама или шал во затворени простории и на отворено секогаш кога не можеме да одржиме два метра растојание.

Да одржуваме растојание. Само два метра растојание се потребни за да се заштитите себеси и тие околу вас, порача во објава на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Задолжително, посочува министерот, да носиме заштитна опрема, маска, марама или шал во затворени простории и на отворено секогаш кога не можеме да одржиме два метра растојание.

Намалувањето на рестриктивните мерки значи дека се зголемува нашата лична одговорност и за наша и за заштита на луѓето околу нас. Да бидеме одговорни, да ги почитуваме мерките кои штитат од коронавирусот, напиша Филипче на својот ФБ профил.