Во изминатото деноноќие 33 лица не ја почитувале забраната за движење
24.04.2020 09:58
Според статистичките податоци за изминатото деноноќие, на 112 лица им се издадени решенија за изолација, а 82 лица потпишале изјави за самоизолација.

Во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 33 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 25 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопштуваат од МВР.
Според статистичките податоци за изминатото деноноќие, на 112 лица им се издадени решенија за изолација, а 82 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
