Граѓаните да се воздржат од резервации за авиобилети, на сила сѐ уште важи Одлуката за затворање на аеродромите
Со оглед на настанатата состојба со вирусот Ковид-19, во овој момент не може да се предвиди кога повторно ќе се воспостави и нормализира авионскиот сообраќај за превоз на патници, велат од Министерството.
На сила сѐ уште важи Одлуката за затворање на “Меѓународниот аеродром Скопје” и аеродромдот “Св. Апостол Павле во Охрид”. Тоа значи дека сѐ додека не се донесе друга Одлука, аеродормите ќе бидат затворени за превоз на патници, а авионскиот сообраќај запрен. Оваа одлука не се однесува за државни, воени, болнички, хуманитани и карго летови без патници, соопштуваат од Министерството за транспорт и врски, откако се појавија информации во дел од медиумите за конкретни датуми за воспоставување на авионските линии преку двата аеродроми во земјава.
Со оглед на настанатата состојба со вирусот Ковид-19, во овој момент не може да се предвиди кога повторно ќе се воспостави и нормализира авионскиот сообраќај за превоз на патници, велат од Министерството.
Сѐ до донесување на нова Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, апелираме до сите граѓани да се воздржат од резервaции на билети, сѐ со цел дополнително да не се изложуваат на финансиски трошоци. За сите информации поврзани со нормализирање на авионскиот сообраќај, навремено ќе информираме- стои во соопштението од Министерството за транспорт и врски.
