Нови 13 случаи на Ковид- 19, четири лица починаа, оздравени уште 53 пациенти

27.04.2020 14:34

Во изминатите 24 часа направени се 289 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-4, Куманово-5, Прилеп-2 и Тетово-2. Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.399...

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 53 оздравени од Ковид-19. По градови: Скопје-25, Куманово-13, Прилеп-5, Струга-1, Битола-4, Охрид -1 и Кочани-4, соопшти Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, 58 годишна пациентка од Желино (Тетово) примена на клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и 81 годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15 април. И двете пациентки страдале од висок крвен пристисок.

Во ГОБ „8 септември“ почина 1 лицe од Куманово на возраст од 47 години, примен на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време приклучен на респираторна машина. Почина и пациент од Битола кој се лекуваше во болницата во Битола. Пациентот бил на возраст од 66 години и во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза.

Во изминатите 24 часа направени се 289 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-4, Куманово-5, Прилеп-2 и Тетово-2. Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.399, а последната дистрибуција по градови е следна: Скопје – 475, Куманово – 376, Дебар – 51, Штип- 34, Прилеп –143, Тетово – 75, Струга – 64, Велес – 66, Битола – 19, Охрид – 15, Кавадарци – 5, Гостивар –15, Гевгелија – 4, Струмица – 2,  Крива Паланка- 5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино – 4,  Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 1, Валандово -1, Виница – 2.

Направените 289  теста се преку: ИЈЗ –226, Ветеринарен факултет -9 , Авицена –12 ,Биотек –0, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода  -38  и МАНУ -4 .  Досега во земјата се направени вкупно 15.409 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е примен 1 нов пациент, а хоспитализирани се вкупно 61. Од нив 18 се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 8 нови  пациенти, а вкупно хоспитализирани 32. На респираторна машина се 7 пациенти, а со потешка клиничка слика уште 4.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, а се следат вкупно 8 пациенти во домашно лекување, додека во болницата во Штип се лекуваат 2 пациенти, а се следат уште 9. На инфективните одделенија во болниците во Куманово, Велес и Прилеп се хоспитализирани 50 пациенти, потврдени и суспектни на Ковид-19.