Нови 22 случаи со Ковид-19, шест починати, излекувани 36 пациенти
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.421, бројката на оздравени пациенти е 589, на починати е 71, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 761...

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 36 оздравени пациенти во: Скопје-19, Куманово-1, Штип-5, Прилеп-4, Тетово-1, Струга-1, Велес-3, Гостивар -2.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациент на 58 години, хоспитализиран на клиниката од 19 април и 63 годишен пациент на болничко лекување од 9 април, и двајцата приклучени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, двајца пациенти од Скопје на 75 и 58 годишна возраст и двајцата хоспитализирани на 26 април, и пациентка од Тетово на 51 година, хоспитализирана од 12 април. Пред два дена почина и пациентка од Скопје на Клиниката за онкологија на 71 година. Нејзиниот позитивен резултат на Ковид-19 е стигнат во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Струга-1, Велес-3, Кавадарци-2, Гостивар-2 и Неготино-1.
Со ова вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.421, бројката на оздравени пациенти е 589, на починати е 71, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 761. Последната дистрибуција по градови е следна: Скопје – 486, Куманово – 378, Дебар – 51, Штип- 34, Прилеп –143, Тетово – 75, Струга – 65, Велес – 69, Битола –19, Охрид –15, Кавадарци – 7, Гостивар –17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -5, Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 1, Валандово -1, Виница – 2.
Направените 362 теста се преку: ИЈЗ –203, Ветеринарен ф-тет -8 , Авицена –11, Биотек –45, Филип Втори (Жан Митрев) –48, Систина со PCR метода -25 и МАНУ -22 . Досега во земјата се направени вкупно 15.771 тестирања на Ковид -19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 5 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 52. Критично болни и на механичка вентилација се 3 пациенти, 25 се со потешка клиничка слика и на кислородна маска.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови, а вкупно хоспитализирани 28 пациенти. Со потешка клиничка слика се 3 пациенти, а на респираторна машина вкупно 6.
Во болницата во Битола се лекуваат 6 пациенти, а на домашно лекување се следат 8. Во Штип на болничко лекување има 2, а на домашно се следат уште 6 пациенти. На останатите инфективни одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар, Охрид, Тетово се хоспитализирани вкупно 46 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид -19.
