МВР: 28 лица не ја почитувале забраната за движење, 21 приведен
29.04.2020 09:38
Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а 18 лица потпишале изјави за самоизолација.
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР на ниво на целата држава 28 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 21 лицеа, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а 18 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
