Филипче: Граѓаните да се приклучат на „Коронавирус МК Koronavirus“ Вибер заедницата

29.04.2020 21:45

Ова е прв владин комуникациски канал на Вибер (Viber Community) отворен за целосно и навремено информирање на граѓаните за сите мерки за справување со коронавирусот...

Министерот за здравство преку својот ФБ профил ги повика сите граѓани да се приклучат на „Коронавирус МК Koronavirus“ Вибер заедницата.

Добивајте точни, официјални и брзи информации поврзани со КОВИД-19 на својот мобилен телефон. Ова е прв владин комуникациски канал на Вибер (Viber Community) отворен за целосно и навремено информирање на граѓаните за сите мерки за справување со коронавирусот, напиша Филипче.

Линк за вклучување: https://vb.me/mk_gov