Се укинува државната матура за 2019/ 2020
Учениците во основно и во средно образование до 10-ти јуни нема да се вратат во училишните клупи, односно до крајот на учебната година наставата ќе се реализира онлајн.
Се укинува државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа учебна година за учениците од завршните години во средните училишта. Сите ќе добијат диплома за завршено средно образование со иста важност како и претходните години, соопшти министерот за образование Арбер Адеми. Најави сет мерки од образовниот план што Владата го усвоила на денешната седнива.
Тој нагласи дека укинувањето на државната матура ќе им овозможи на матурантите да избегнат стрес и да се посветат на пронаоѓање работа или да го продолжат своето образование на факултет.
Учениците во основно и во средно образование до 10-ти јуни нема да се вратат во училишните клупи, односно до крајот на учебната година наставата ќе се реализира онлајн.
Уписот на првачињата наместо во мај ќе почне во јуни. Списоците со запишани ученици, училиштата ќе ги објават најдоцна до 15-ти јули, а тие што нема да бидат запишани ќе добијат писмено известување.
