МВР: 75 лица не ја почитувале забраната за движење, 59 приведени
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 102 лица им се издадени решенија за изолација, а 15 лица потпишале изјави за самоизолација.
Во текот на изминатите 24 часа на ниво на целата држава 75 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени, односно лишени од слобода се 59 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопштува МВР.
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 102 лица им се издадени решенија за изолација, а 15 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, стои во соопштението од МВР.
