Спасовски: Го продолжуваме делото на нашиот великан Гоце Делчев
04.05.2020 10:48
Во земјава денеска се одбележуваат 117 години од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев.

„Со својата мисла и дело Гоце Делчев е личност која сплотува и обединува, не само во Македонија, туку и пошироко. Не само во минатото, туку и денес во современа Северна Македонија и пошироко“- напиша на својот Фејсбук профил премиерот Оливер Спасовски.
Во земјава денеска се одбележуваат 117 години од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев.
117 години по неговата трагична смрт, наша должност е да го продолжиме неговото дело и да го негуваме и почитуваме Гоце Делчев како лик кој сплотува, обединува и мотивира на борба за уште поголеми слободи и права и културен натпревар меѓу сите народи- вели Спасовски.
