МВР: 25 лица не ја почитувале забраната за движење, 17 приведени

05.05.2020 10:13

Според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 27 лица им се издадени решенија за изолација, а 138 лица потпишале изјави за самоизолација.

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР, на ниво на целата држава 25 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 17 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 27 лица им се издадени решенија за изолација, а 138 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.