Влада

Делегација предводена од премиерот Спасовски на видео конференција за Загрепскиот Самит на ЕУ и Западен Балкан

06.05.2020 10:07

Лидерите на земјите членки на Европската унија и лидерите за земјите од Западен Балкан ќе дискутираат за соработката за справување со коронавирусот Ковид-19 и последиците од истиот, како и европската перспектива на земјите од Западен Балкан...

Делегација предводена од премиерот Спасовски денеска ќе учествува на Загрепскиот Самит на Европската унија и Западен Балкан преку видео конференција.

На самитот, лидерите на земјите членки на Европската унија и лидерите за земјите од Западен Балкан ќе дискутираат за соработката за справување со коронавирусот Ковид-19 и последиците од истиот, европската перспектива на земјите од Западен Балкан, како и посветеноста на земјите од Западен Балкан на европските вредности и реформи.