МВР: 49 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени 37 лица
08.05.2020 09:51
Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 26 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација.
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР, на ниво на целата држава 49 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 37 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопштуваат од МВР.
Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 26 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
