Влада: Во сабота и недела забраната за движење ќе почнува во 19 часот

08.05.2020 18:35

Во сабота и недела, сите млади лица под 18 години ќе можат да се движат од 13 до 19 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 05 до 12 часот.

Владата на Република Северна Македонија на тековната 50-та седница донесе одлука за скратување на забраната за движење за време на викенд.

Почнувајќи од утре (09.05), во сабота и недела, граѓаните ќе можат да се движат во периодот од 05 часот до 19 часот.

Во сабота и недела, сите млади лица под 18 години ќе можат да се движат од 13 до 19 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 05 до 12 часот.

Остануваат на сила сите други мерки за заштита од Ковид-19 донесени од Владата.