Нови 36 случаи на Ковид-19, почина едно лице, оздравени 13 пациенти
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.622, бројката на оздравени пациенти е 1.112, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 419- соопштуваат од Министерството за здравство...

Министерството за здравство соопшти дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти и тоа во: Скопје-6, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Виница-1. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 58-годишна возраст, хоспитализиран на клиниката пред една недела со тешка форма на болеста, приклучен на механичка вентилација од 6 мај.
Во изминатите 24 часа, како што се посочува, направени се 411 тестирања, а потврдени се 36 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-7, Куманово-4, Прилеп-4, Тетово-12, Велес-6, Гостивар-1, Пехчево-1 и Берово-1.
Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.622, бројката на оздравени пациенти е 1.112, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 419. Последната дистрибуција по градови е: Скопје – 538, активни 131, Куманово – 408, активни 63, Дебар – 51, Штип-35, активни 2, Прилеп –173, активни 65, Тетово – 108, активни 53, Струга – 67, активни 16, Велес – 107, активни 51, Битола –22, активни 3, Охрид –15, активни 9, Кавадарци – 5, активни 1, Гостивар –18, активни 4, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка- 6, активни 2, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 31, активни 5, Пробиштип – 2, Кичево – 2, активни 1, Неготино -9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 2, Пехчево- 3, активни 2, Делчево-1, активни 1, Валандово -1, активни 1, Виница – 2, Кратово-1, активни 1, Берово-1, активни 1.
Направените 411 теста се преку: ИЈЗ –248, Ветеринарен факултет -13, Авицена –14, Биотек -42, Клиника „Жан Митрев“ –48, Систина со PCR метода -27 и МАНУ -19. Досега во земјата се направени вкупно 18.821 тестирања на ковид -19.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се тројца пациенти со потешка клиничка слика, а вкупно хоспитализирани се 39. На кислородна поддршка се 16, а на механичка вентилација се тројца пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ примени се тројца нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 17. На респираторна машина се тројца пациенти и уште двајца се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се хоспитализирани тројца пациенти сомнителни на Ковид, а на домашно лекување се следат двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани пет пациенти, а уште еден пациент се следи на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, и Тетово сe хоспитализирани 57 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19, стои во соопштението од Министерството за здравство.
