Петмина обвинети за непочитување на полицискиот час во Тетово

11.05.2020 14:07

Сите се обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик и за секого од нив е предложена парична казна од по 100 дневни глоби...

Против пет лица Основното јавно обвинителство Тетово поднесе предлози за определување казнени налози до Основниот суд Тетово. Сите се обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик и за секого од нив е предложена парична казна од по 100 дневни глоби.

Имено, лицата не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, па за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации без да поседуваат дозвола за тоа.