ДИК до утре треба да достави мислење за временските рокови за изборниот процес
Пендаровски ги запозна членовите на Државната изборна комисија со ставовите на претседателите на политичките партии...

Претседателот Пендаровски денеска оствари средба со членовите на Државната изборна комисија, која следува по вчерашната одржана лидерска средба во Кабинетот на Претседателот на која се разговараше за одржувањето на предвремените избори.
Пендаровски ги запозна членовите на Државната изборна комисија со ставовите на претседателите на политичките партии и консензуално усвоениот став дека е потребно Државната изборна комисија да достави мислење за временските рокови потребни за спроведување на изборниот процес- соопшти претседателскиот кабинет.
На средбата било договорено ДИК, во текот на утрешниот ден да го достави своето мислење до Кабинетот на Претседателот.
