МВР: 31 лице не ја почитувало забраната за движење, 25 приведени

15.05.2020 09:26

По однос на мерката за задолжително носење заштитна опрема т.е. заштитни маски евидентирани се 23 лица што ја прекршиле оваа мерка...

Во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 31 лице не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 25 лица,  а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки- соопшти МВР.

Исто така по однос на мерката за задолжително носење заштитна опрема т.е. заштитни маски евидентирани се 23 лица што ја прекршиле оваа мерка.

За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на  81 лице им се издадени решенија за изолација, а 113 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.