Спасовски на видео- конференција со премиерите од Централноевропската иницијатива

15.05.2020 10:03

На видео- конференцијата премиерите ќе разговараат за социо-економските влијанија на КОВИД-19 и ќе се координаат олеснителните ограничувања...

Владата информира дека денеска со почеток во 11:00 часот, делегација предводена од премиерот Оливер Спасовски преку видео- конференција ќе се сретне со премиерите од земјите во рамки на Централноевропската иницијатива под Црногорското претседателство.

На видео- конференцијата премиерите ќе разговараат за социо-економските влијанија на КОВИД-19 и ќе се координаат олеснителните ограничувања, стои во соопштението од Владата.