Филипче: ИЈЗ спроведува прашалник – Увид во однесувањето на Ковид-19

15.05.2020 11:03

Институтот за јавно здравје спроведува Анкетен прашалник: Увид во однесувањето за КОВИД-19, со цел да се подобрат дејствијата преземени како одговор на пандемијата на коронавирусот, соопшти денеска преку својот Фејсбук профил министерот Филипче...

Институтот за јавно здравје спроведува Анкетен прашалник: Увид во однесувањето за КОВИД-19, со цел да се подобрат дејствијата преземени како одговор на пандемијата на коронавирусот, соопшти денеска преку својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Одговорите, посочува министерот, ќе се користат исклучиво за научни цели, за да се подобри реакцијата, односно одговорот на појавата на овој вирус.

Податоците ќе бидат зачувани во Институтот и може да се користат за истражувања и теоретски предавања во иднина. Ова е некомерцијална студија и финансирана е од Светската здравствена организација, потенцира Филипче.

Прашалникот може да се пополни на следниот ЛИНК