Пендаровски прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена

15.05.2020 16:56

Претседателот Стево Пендаровски прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена поради кризата со Ковид-19. Како причина за тоа го наведе спроведувањето на економско- социјалните мерки...

Претседателот Стево Пендаровски прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена поради кризата со Ковид-19. Како причина за тоа го наведе спроведувањето на економско- социјалните мерки. Потенцираше дека за продолжување на вонредната состојба се консултирал со повеќе експерти.

По седницата на Советот за безбедност соопшти дека надлежните институции работат координирано и дека ситуацијата е подобрена. Нагласи дека евидентно е дека како држава добро се справуваме со кризата предизвиката на коронавирусот.

Втората триесетдневна вонредна состојба поради пандемијата со Ковид-19 завршува утре, на 16-ти мај.