МВР

77 лица не ја почитувале забраната за движење, 58 приведени

18.05.2020 10:19

Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 37 прекршоци- соопштуваат од МВР.

Во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 77 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 58 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така по однос на мерката за не носење лична  заштита на лице регистрирани се 37 прекршоци- соопштуваат од МВР.

За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 11 лица им се издадени решенија за изолација, а 27 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.