Сообраќајот без забрани, по суви коловози

18.05.2020 09:43

Надвор од градските средини интензитетот на сообраќајот е умерен, а граничните премини остануваат затворени...

Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по суви коловози, информира утринава Авто мото сојузот на Македонија.

Надвор од градските средини интензитетот на сообраќајот е умерен, а граничните премини остануваат затворени како една од мерките за справување со пандемијата на КОВИД-19.