Министерска видео- конференција во ко-организација на Димитров и Дендиас
За време на дискусиите министрите ќе разговараат за тековната и идна соработка во врска со можните начини за регулирање на прекуграничните патувања, транспортот и туризмот...

На заедничка иницијатива на министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров и на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, утре ќе се одржи министерска видео-конференција, со цел координација и унапредување на соработката на Министерствата за надворешни работи од земјите од Западен Балкан и земјите од ЕУ во непосредна близина на овој регион, во следната фаза од справување со социо-економските последици од пандемијата на Ковид -19.
Истата се одржува во континуитет на Солунската конференција на високо ниво од февруари 2020 година, а во присуство на високи претставници на ЕУ институциите.
За време на дискусиите министрите ќе разговараат за тековната и идна соработка во врска со можните начини за регулирање на прекуграничните патувања, транспортот и туризмот, исполнувајќи ги потребните медицински критериуми, како и за заемната поддршка на економиите на земјите.
