Се нормализира јавниот градски и меѓуградски превоз од и кон Куманово

19.05.2020 14:21

Владата на денешната седница го прифати предлогот за нормализирање на јавниот градски и меѓуградскиот јавен превоз од и кон Општина Куманово, соопшти премиерот Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил...

Владата на денешната седница го прифати предлогот за нормализирање на јавниот градски и меѓуградскиот јавен превоз од и кон Општина Куманово, соопшти премиерот Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил.

На оваа седница, како што информира тој, е прифатен и предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство со кој патниците од странските земји кои влегуваат на територијата на Република Северна Македонија, по завршување на временскиот период од 21 ден или 14 дена во задолжителен државен карантин, веќе нема да бидат упатувани на дополнителна домашна самоизолација.