Потврден 21 нов случај на Ковид- 19, оздравени 17 пациенти

25.05.2020 12:54

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.999, бројката на оздравени пациенти е 1.439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје-7, Куманово-2, Прилеп-2, Велес-2, Гостивар-1, Крива Паланка-1, Пехчево-1 и Берово-1. Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на ковид-19. Во последните 24 часа направени се 258 тестирања, а регистриран е 21 нов случај на ковид-19 и тоа во: Скопје-12, Куманово-3, Штип-1, Тетово-5. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1999, бројката на оздравени пациенти е 1439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447. Последната дистрибуција по градови е: • Скопје – 725, активни 204 • Куманово – 436, активни 35 • Дебар – 51, активни 0 • Штип-41, активни 6 • Прилеп –210, активни 46 • Тетово – 177, активни 82 • Струга – 75, активни 8 • Велес – 127, активни 41 • Битола –28, активни 7 • Охрид –23, активни 8 • Кавадарци – 5, активни 0 • Гостивар –21, активни 3 • Гевгелија – 4, активни 0 • Струмица – 3, активни 1 • Крива Паланка- 6, активни 0 • Радовиш – 4, активни 0 • Крушево – 3, активни 0 • Кочани – 31, активни 0 • Пробиштип – 2, активни 0 • Кичево – 2, активни 0 • Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија) • Демир Хисар – 1, активни 0 • Македонски Брод - 2, активни 0 • Пехчево- 3, активни 0 • Делчево-1, активни 0 • Валандово -1, активни 0 • Виница – 3, активни 1 • Кратово-2, активни 1 • Берово-1, активни 0 • Свети Николе-1, активни 1 Направените 258 теста се преку: ИЈЗ –193, Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек -57, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода -1 и МАНУ -7. Досега во земјата се направени вкупно 25528 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 13 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 3 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 54 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација се 3 пациенти. Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани 21 пациент. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 7 пациенти, на домашно лекување се следи 1 пациент. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 41 пациент- позитивни и сомнителни на ковид-19.